Сојузна Република Германија преку КфВ банката и додели кредит на Македонија во износ од 60 милиони евра за подобрување на енергетскиот сектор во Македонија. Дел од средствата во износ од 27,1 милион евра ќе се користат за ревитализација на хидроелектраните: Глобочица, Тиквеш, Вруток, Равен, Врбен и Шпиље, а останатите за изградба на ветерни електрани кај Богданци. За таа цел вчера министерот за финансии, Зоран Ставрески со германската амбасадорка, Урлике Кноц ја потпиша Спогодбата меѓу двете влади за финансиска соработка за втората фаза на "Програмата за енергетска ефикасност", како и Договорот за заем меѓу македонската Влада, АД ЕЛЕМ и КфВ банката за реализација на проектот за рехабилитација на шесте електрани. Обезбедивме средства за да ги реализираме поставените цели за зголемена употреба на обновливите извори на енергија, подобрување на енергетската ефикасност и намалување на увозната зависност од електрична енегија.
Сојузна Република Германија преку КфВ банката и додели кредит на Македонија во износ од 60 милиони евра за подобрување на енергетскиот сектор во Македонија.
Дел од средствата во износ од 27,1 милион евра ќе се користат за ревитализација на хидроелектраните: Глобочица, Тиквеш, Вруток, Равен, Врбен и Шпиље, а останатите за изградба на ветерни електрани кај Богданци. За таа цел вчера министерот за финансии, Зоран Ставрески со германската амбасадорка, Урлике Кноц ја потпиша Спогодбата меѓу двете влади за финансиска соработка за втората фаза на "Програмата за енергетска ефикасност", како и Договорот за заем меѓу македонската Влада, АД ЕЛЕМ и КфВ банката за реализација на проектот за рехабилитација на шесте електрани.
-Обезбедивме средства за да ги реализираме поставените цели за зголемена употреба на обновливите извори на енергија, подобрување на енергетската ефикасност и намалување на увозната зависност од електрична енегија - рече Ставрески.
Тој посочи дека заемот од 27,1 милион евра за ревитализација на електраните му е доделен на ЕЛЕМ под исклучително поволни услови со рок на отплата од 15 години, грејс-период од пет години и каматна стапка која во моментов е под еден отсто. Со проектот "Изградба на ветерни електрани кај Богданци" од Владата на СР Германија се обезбедени 32,9 милони евра, од вкупно потребните 75 милиони за негова реализација. Се предвидува изградба на парк на ветерни електрани кои треба да постигнат годишно производство од 100 гигават-часови.
Греманската амбасадорка Улрике Кноц рече дека е важно Македонија да ја намали зависноста од увоз на електрична енергија и додаде дека земјава има огромни потенцијали за производство на струја од обновливи извори на енергија. Директорот на АД ЕЛЕМ, Влатко Чингоски смета дека договорот е успешно заокружување на едногодишните заеднички активности и напори за обезбедување средства за реализација на Пректот за ревитализација на електраните.
Со спроведување на предвидените зафати вкупната инсталирана моќност на хидроелектраните во системот на АД ЕЛЕМ ќе се зголеми за 18,31 мегавати, како и дополнително производство на електрична енергија од околу 50 гигават-часови.
Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 31,88 милиони евра, а од нив 4,78 милиони ќе бидат сопствени средства на АД ЕЛЕМ. Проектот треба да биде имплементиран до крајот на 2013 година.
Шефот на Регионалната канцеларија на КфВ за Македонија и Србија, Јурген Велчов истакна дека КфВ досега пласирала 200 милиони евра за водоводи, канализации и наводнување во Македонија. Тој посочи дека КфВ е најголем финансиер на проекти со хидропотенцијал на Балканот и најголем финансиер во светски рамки на проекти со ветерна енергија.